Добредојдовте во ЕЦ Аеродром

Место на вера, надеж и заедништво

Придружете ни се оваа недела

Богослужби

Придружете ни се на богослужба и заедништво

Секоја недела

10:30

Дојдете и доживејте радост од богослужбата, инспиративна музика и охрабрувачка порака.

Приклучи се

Избери каде сакаш да се вклучиш во животот на црквата.

Мали групи

Малите групи се место каде што можеш да градиш автентично заедништво и да растеш во верата. Малата група е место за дружење, проучување на Библијата и молитва. Се што треба е да дојдеш, да се приклучиш и да бидеш отворен.

Оваа есен во малите групи ќе ги обработуваме Делата на Апостолите.

Програмот трае од 14.10 до 23.12.

Служби во ЕЦ Аеродром

5 опции за вклучување

Служењето е начин на кој заедно ја градиме црквата. Избери служба во која сакаш да се вклучиш и пријави се.
Детска црква
Како волонтери во Детска црква, имате можност да го негувате и подобрувате духовниот раст на најмладите членови на нашата црковна заедница. Во дисциплинирањето на другите, особено на децата, имаме одлична можност да растеме во нашето знаење и примена на Божјиот збор. Во ЕЦ Аеродром веруваме во она што го рекол Исус: „Пуштете ги децата да доаѓаат кај Мене и не им пречете, зашто на таквите им припаѓа царството небесно.“ (Матеј 19:14). Нашата цел е да ги „доведеме“ децата кај Исус за да можат да го видат, познаат и засакаат.

Волонтерите од Детска црква ја водат детската програма која се одржува во недела наутро. Во зависност од бројот на волонтери, ќе им служите месечно или на два месеци еднаш.

Од нив се очекува секоја недела да ги поучуваат децата да се придржуваат според стандардите утврдени во правилникот. Ова помага училницата да биде уредна и да биде место каде што сите деца ќе се чувствуваат безбедно и удобно.

Од нив се очекува да ја следат детската програма утврдена од водачот на детската служба и да покажат љубезност и трпение кога работат со децата.

Од нив се очекува да служат и да дојдат подготвени во неделата за која се закажани или, доколку е потребно, да си најдат свој заменик-наставник.
Тим за славење
Славењето со музика е важен дел од неделната богослужба а и воопшто во мисијата на црквата да оддаде слава на Бог и да го навестува Евангелието преку песна.

Доколку сакате да бидете дел од тимот за славење, пополнете го формуларот, и ќе бидете контактирани за средба со Стефани Барбутова каде ќе се одржи и кратка аудиција за инструментот/вокалот за кој сте се пријавиле.

После средбата и аудицијата, доколку станете дел од тимот за славење, ваша должност како дел од тимот ќе биде:

1. Да се приклучите на платформата Planning Center Services каде што се одвива организацијата на секоја неделна богослужба, вклучувајќи го и славењето. На оваа платформа ќе бидете поканети за учество во тимот за славење (секој вторник) за престојната недела, и ваша должност е да одговорите на поканата најкасно до среда.
2. Да ги вежбате песните поставени на Planning Center, и да дојдете спремни на проба.
3. Да дојдете на проба во недела пред богослужбата во 9:00 ч.
Тим „Аудио и Медија“
Овој тим е од суштинска важност за секоја неделна богослужба, бидејќи технички ни овозможува да славиме, да се фокусираме на Божјото Слово и да учествуваме во богослужбата.

Во овој тим имаме потреба од луѓе кои веќе имаат познавање во овие области, но и луѓе кои се отворени да научат нови вештини. Доколку немате познавање во овие области, а сакате да се вклучите, ќе добиете соодветна обука пред да започнете со волонтерство.

Исто така треба да се приклучите на Planning Center Services каде што се одвива организацијата на секоја неделна богослужба. На оваа платформа ќе бидете поканети за учество во тимот за кој се пријавивте (секој вторник) за престојната недела, и ваша должност е да одговорите на поканата најкасно до среда.
Молитва
„Молете се постојано!“ (1 Солуњаните 5:17)

Активности:
1. Секоја среда на вибер групата ЕЦ Аеродром ќе се објавува: потреби за молитва, одговори на молитва како и поттик и насока за црквата да се моли во тековната седмица.
2. Секоја недела пред неделната служба, од 9:30 до 10 часот се собираме за молитва за неделната служба.
3. За време на неделната служба, секоја недела, ќе има молитва во траење од 5 минути каде назначен поединец за таа недела ќе ја води црквата во молитва.
4. Во иднина, може да се воведе и дополнителна активност на оваа служба.

Доколку се пријавиш да бидеш дел од тимот за молитва ќе бидеш замолен/а да:
1. Се молиш застапнички за црквата ЕЦ Аеродром на дневна основа имајќи ги предвид споделените молитвени потреби од црквата, насоките за молитва договорени со тимот за молитва, како и личното водство од Светиот Дух.
2. Бидеш дел од вибер група - молитвен тим ЕЦ Аеродром каде ќе можеш да споделуваш твои предлози за потреби и насоки за молитва; одговори на молитва и сѐ она што е битно за службата на молитва во ЕЦ Аеродром.
3. Се потрудиш да присуствуваш на молитвениот состанок пред служба во недела, од 9:30.
4. По договор, понекогаш ти ќе бидеш замолен/а да бидеш лицето кое ќе ја води црквата во молитва за време на неделната богослужба.
Диаконија
Службата „Диаконија“ е практичен израз на Божјата љубов и грижа кон луѓето. Преку неа, како црква сакаме секој што доаѓа да се чувствува добредојден, прифатен и згрижен.

Гостољубивоста е суштински дел од христијанскиот карактер. Со радост и љубов се стремиме да го дадеме најдоброто од себе за оваа возвишена служба.

„Взаемната љубов нека пребива меѓу вас! Гостољубивоста не запоставувајте ја, бидејќи преку неа некои, и не знаејќи, им укажаа гостопримство на ангели.“ (Евреите 13:1-2)

Што опфаќа службата?

· Пречек на луѓето кои доаѓаат во црквата.
· Служење кафе, чај и други посластици.
· Грижа за новите – да им биде удобно и да се вклучат во заедницата.
· Организирање дружења и заеднички активности за поврзување на црковната заедница.
· Грижа за редот и мирот за време на богослужбата.
· Волонтирање на настани кои црквата ги организира.

Ако сакаш да бидеш дел од оваа служба, пријави се!

За нас

ЕЦ Аеродром е жива заедница на верници обединети со вера и љубов. Веруваме дека црквата е Божјо семејство - место каде секој е добредојден да расте духовно и да се поврзе со други. Нашата мисија е да ја живееме Големата заповед и Големото послание: да го љубиме Бога и ближните, и да правиме ученици. Нашите врати се отворени за сите кои сакаат да бидат дел од нашето црковно семејство.

Локација

Скопје, Северна Македонија